Дома Македонски спорт Мак ракомет Червар: Вардар е фаворит, но ќе дадеме голем отпор!

Червар: Вардар е фаворит, но ќе дадеме голем отпор!

Викендов Металург ќе го пречека европскиот шампион Вардар во првото коло од регионалната СЕХА лига.

Шефот на стручниот штаб на Металург, Лино Червар признава дека Вардар е фаворит во овој дуел, но вели дека неговиот тим нема лесно да се предаде.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Честитки на нашиот ривал за освоената титула во Лигата на шампионите. Тоа е добро за македонскиот спорт и ракомет. Вардар е голем фаворит на престојниот натпревар, но ние ќе се обидеме да покажеме желба да му се спротивставиме“, истакна Лино Червар.

„Оваа година Металург има поинаков состав. Ги нема Обрадовиќ, Младеновиќ, Веин, го нема Марчец. Малку ја сменивме структурата на екипата, тука е Халил Јагањац, кој е кадетски репрезентативец на Хрватска. Се обидовме да направиме рамнотежа во старосната граница. И оваа година го имаме најмладиот тим и во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите“.

„Секако дека тие се големи фаворити, ние тоа го знаеме. Ќе се обидеме да покажеме дека имаме волја и желба да му се спротивставиме на апсолутниот фаворит. Би сакал, со целиот можен респект кон противникот нашите момци да прикажат повеќе, да се обидат да дадат достоен отпор“, додаде хрватскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Судијата Радески спаси живот на фудбалер 🎥

Судијата Дарко Радески спречи можна трагедија на вчерашниот натпревар од Третата лига – За…