Еминентнииот германски весник „Билд“ пренесува дека Челзи ја добил битката за потписот на ѕвездата на Лајпциг, Тимо Вернер.
Вернер е еден од најбараните напаѓачи на трансфер пазарот и за неговиот потпис се бореа неколку европски гиганти, а Ливерпул важеше како фаворит за неговиот потпис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, „црвените“ не сакаа да ја платат откупната клаузула од 60 милиони евра, па таквата ситуација ја искористи Челзи.
„Сините“ веќе се договориле со Вернер кој ќе потпише договор до 2025 година и на „Стенфорд Бриџ“ ќе заработува 10 милиони евра годишно.
Челзи веќе го информирале Лајпциг дека ќе ја платат откупната клаузула од 60 милиони евра, која важи до 15 јуни, па наскоро се очекува официјализација.
Timo Werner is close to joining Chelsea in a deal worth almost €60M. [BILD] pic.twitter.com/wjmUorhqGb
— Transfer News (@TransfersLlVE) June 4, 2020