Раководството на Челзи сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок и работи на неколку трансфери.
Денес „сините“ постигнаа договор со Атлетико Мадрид за 6-месечна позајмица на Жоао Феликс, за која ќе платат 11 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, тоа не е се, бидејќи медиумите пренесуваат дека Челзи работи и на трансферот на Маркус Турам од Борусија Мехенгладбах.
Турам оваа сезона игра одлично, веќе има 10 гола во Бундеслигата, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Мехенгладбах не сака да го загуби Турам без обештетување, па е спремна да го продаде во јануари за „само“ 12 милиони евра.
За него интерес покажуваат неколку европски гиганти, но Челзи е спремен да ја победи конкуренцијата.