Дома Топ вести Челзи не жали пари – кешира 55 милиони за Ромањоли!

Челзи не жали пари – кешира 55 милиони за Ромањоли!

Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на Челзи во зимскиот преоден рок спрема нов атак на Алесио Ромањоли и е спремно да плати 55 милиони евра за неговиот потпис.

Челзи во летниот преоден рок се обиде да го донесе Ромањоли, но понудата од 45 милиони евра беше експресно одбиена од страна на Милан.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ромањоли оваа сезона игра фантастично за „росонерите“ и иако има само 21 година веќе дебитираше за италијанската репрезентација, па без сомнеж важи за еден од најголемите таленти во Европа.

„Сините“ се спремни во јануари да испратат нова понуда „тешка“ 55 милиони евра за потписот на Италијанецот, па останува да се види како на ова ќе реагира Милан.

Новите кинески сопственици сакаат да прават силен тим, па за очекување е и оваа понуда да биде одбиена, со оглед на фактот што Ромањоли е столб на одбраната на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…