Челзи успеа да се ослободи од Дени Дринквотер, барем на кратко.
Англискиот клуб од поодамна не смета на Дринквотер за кого „сините“ платија 40 милиони евра на Лестер кога пристигна во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дринквотер кариерата ќе ја продолжи во Турција во екипата на Кашимпаша. Во овој клуб тој ќе биде на позајмица од шест месеци.
Сезонава Дринквотер настапи на неколку натпревари за резервниот состав на Челзи. Ќе потсетиме, тој беше дел од онаа шампионска генерација на Лестер.
Danny Drinkwater will go out on loan for the remainder of this season.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) January 18, 2021
Good luck, Danny! 👊