Челзи игра одлично оваа сезона и сигурно следната сезона ќе се врати во Лигата на шампиони, а планот на Антонио Конте е на сегашниот тим да додаде три-четири големи засиливања.
Медиумите тврдат дека Абрамович е спремен да му ги исполни желбите на Конте и дека „сините“ веќе го договориле првото големо засилување за следната сезона.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Станува збор за Артуро Видал кој не е задоволен во Баерн Минхен и сака повторно да соработува со Антонио Конте. Наводно договорот е веќе постигнат и Чилеанецот следното лето ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“ за 60 милиони евра.
Другата трансфер мета е напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората кој не добива голема минутажа оваа сезона и е спремен да ја промени средината.
Конте сака да има двајца врвни напаѓачи во составот и смета дека Мората би бил идеален партнер на Диего Коста, а „сините“ за неговиот потпис се спремни да платат 70 милиони евра.