Дома Фудбал Чезаре, Паоло, па Даниел: Семејството Малдини има трет италијански репрезентативец

Чезаре, Паоло, па Даниел: Семејството Малдини има трет италијански репрезентативец

Даниел Малдини дебитираше за репрезентацијата на Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанската фудбалска репрезентација синоќа во Удине го совлада израелскиот тим (4:1) во четвртото коло од групата А2 на Лигата на нации.

Но победата на „Аѕурите“ не е тема број еден на Апенините, туку интересниот податок што семејството Малдини го даде третиот претставник на Италија. За националниот тим дебитираше Даниел Малдини, чиј дедо е Чезаре Малдини и татко Паоло.

Синот на Паоло Малдини во игра влезе во 73. минута наместо Распадори при резултат 3:1. Неговиот татко сето тоа го гледаше од трибините.

Ова е прв пат во историјата дедо, татко и син да играат за италијанската репрезентација. Чезаре одигра 14 натпревари за „Аѕурите“, а Паоло одигра 126. Претходно, Даниел тргна по стапките на својот дедо и татко, забележувајќи 24 настапи за Милан, каде што порасна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабијани пред дуелот со Купс: Конечно дојде моментот, со нетрпение чекаме да излеземе на терен!

Македонскиот шампион ФК Вардар утре ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за Лиг…