Легендата на Барселона, Чави Ернандес не ја крие желбата еден ден да се врати на „Камп Ноу“ како тренер.
40-годишниот тренер на Ал Сад во јануари одби да седне на клупата на Барселона и тврди дека сака да започне нов проект од нула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам да се вратам во Барселона како тренер и размислувам за такво нешто. Мислам дека сега како тренер можам да му дадам уште многу на тој клуб. Во Барса сакам да започнам проект од нула и сам да ги носам одлуките“, истакна Чави.
„Во сегашниот тим на Барса има исклучителни фудбалери. За мене Жорди Алба е најдобриот лев бек во светот. Пике е најдобриот стопер. Бускетс е најдобриот дефанзивен играч за врска. Меси е најдобар играч во светот. Тука се уште Де Јонг, Суарез, Артур… Јас лично би донесол крило од тимот на Нејмар или некој млад како Санчо или Гнабри“, заклучи Чави.