Дома Фудбал Чави по поразот од Џирона: Ова е нашата реалност

Чави по поразот од Џирона: Ова е нашата реалност

Хитот на шпанскиот фудбалски шампионат Џирона продолжува да импресионира.

Џирона ја шокираше Барселона на гости и со победа од 4:2 се врати на врвот во Ла Лига со два бода повеќе од второпласираниот Реал кој има 39 бодови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барса и Атлетико ја делат третата позиција со 34 бодови. Тренерот на Барселона Чави Ернандез го коментираше натпреварот.

“Џирона знае што прави и тие се многу добри во тоа. Беше изедначен натпревар и ќе беше заслужено доколку победевме. Мислам дека имавме 31 удар кон голот.

Грешките во одбраната не чинеа. Имавме шанси за погодоци, но тие беа поефикасни.Ова е тежок удар за нас, но тоа е и наша реалност. Резултатот е лош, но не одигравме лошо.

Барселона е во изградба. Мораме да направиме еден чекор назад за да направиме два чекора напред.

Мислам дека заслуживме повеќе на овој натпревар, но – таков е фудбалот. Џирона има одличен тим и е прва на табелата. И ние мора да продолжиме да се бориме“, рече Чави на прес-конференцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…