Дома Фудбал Чаби Алонсо го избрал првото засилување за Леверкузен

Чаби Алонсо го избрал првото засилување за Леверкузен

Баер Леверкузен зад себе има одлична сезона, но истовремено работи и на засилувањата за следната сезона, а прв ќе биде капитенот на Жирона. Прво име кое ќе пристигне би можел да биде фудбалерот од редовите на Жирона Алеиш Гарсија.

Шпанецот оваа сезона експлодираше и беше еден од предводниците на тимот кој обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Со Гарсија се поврзуваше и Барселона, но Жирона ја искористи неодлучноста на каталонскиот гигант.

Главен „виновник“ за овој трансфер е Чаби Алонсо кој побарал да му биде доведен овој 26-годишен играч за врска од средниот ред.

Отштетата нема да надмине 20 милиони евра, првата понуда на Баер била 15, па се очекува да се најдат некаде измеѓу.

Алеиш Гарсија оваа сезона одигра дури 40 натпревари, постигнувајќи три гола и шест асистенции.

Инаку, Алеиш Гарсија пристигна од Еибар во летото 2021 година како слободен играч. Во минатото беше дел од и од академијата на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено што му кажал Белингем на судијата за да добие црвен картон

Веројатно вечерва во Мадрид, барем во онаа област каде што се навивачите на Реал, нема поз…