Eкипата на Жирона го регистрираше македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и тој ќе има право на настап в недела против Атлетико Мадрид.
Неизвесно беше и кој ќе биде неговиот број во шпанскиот клуб, а сега е познато дека тоа ќе биде „19-ката“
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во Абердин Миовски настапуваше со „9-ката“ на грбот, но во Жирона таа не е слободна, па Миовски мораше да се одлучи за друг број.
Натпреварот против Атлетико Мадрид се игра в недела од 21:30 часот. Најавите се дека Миовски нема да добие цел натпревар, но би требало сигурно да настапи.