Дома Фудбал Англија Црвениот картон на Феликс против Фулам Челзи ќе го чини скоро 2.4 милиони фунти!

Црвениот картон на Феликс против Фулам Челзи ќе го чини скоро 2.4 милиони фунти!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Жоао Феликс нема по добро да го памети дебито во Премиер лигата бидејќи вчера против Фулам заработи црвен картон.

Англиските статистичари пресметаа колку црвениот картон против Фулам ќе го чини Челзи. Имено, ова исклучување на Феликс Челзи ќе го чини 2.360.000 милиони евра.

Ако се прашувате како еве го и објаснувањето. Челзи за шестмесечната позајмица на Феликс плати 11 милиони евра, но и ќе ја покрие неговата плата која во тој период, тоа се дополнителни 6.7 милиони евра.

Во моментот кога Феликс потпиша за Челзи можеше да одигра најмногу 21 натпревар до крајот на сезоната и кога ќе се подели вкупни трошок Челзи го плаќа Португалецот 800.000 евра по натпревар.

Бидејќи сега ќе пропушти три натпревари затоа што црвениот картон беше директен значи дека Португалецот ќе ги чини „сините“ нешто под 2.4 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“ во НБА: Кајри Ирвинг побарал трејд!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Ѕвездата на Бруклин …