Искусниот напаѓач, Клас Јан Хунтелар до крајот на сезоната ќе игра за Шалке 04.
37-годишниот Холанѓанец денес ги мина лекарските прегледи и утре ќе го официјализира неговото враќање во клубот од Гелзенкирхен.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Хунтелар седум години го носеше дресот на Шалке каде постигна 126 гола и се етаблираше во легенда на клубот.
Сега доаѓа за да му помогне на Шалке би битката за опстанок и се очекува да дебитира веќе во среда против Келн.
Хунтелар оваа сезона го носеше дресот на Ајакс, а во Шалке најверојатно ќе стави крај на кариерата.