Дома Фудбал Англија Хуан Мата добива фантастични понуди

Хуан Мата добива фантастични понуди

Шпанскиот фудбалер Хуан Мата веројатно ќе го напушти Олд Трафорд по крајот на сезоната, кога му истекува договорот.

Искусниот играч кој на крајот на април ќе го прослав својот 31 роденден веќе пет години е член на Јунајтед, а договорот му истекува во јуни.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Преговори околу продолжување на соработката за сега нема, а ако Мата одлучи да го напушти клубот, изборот за нов нема да биде лесен, бидејќи за него се заинтересирани неколку великани.

Според правилата, Мата уште сега може да потпише преддговор со некој клуб, а за сега голема битка за неговиот потпис водат Арсенал и Барселона.

И двете екипи веќе го контактирале Шпанецот. Сакаат што посбрзо да го осигураат неговиот потпис за следната сезона, а ќе биде интересно да се види кој ќе биде изборот на играчот.

Мата е член на Јунајтед од јануари 2014. година. Пристигна од Челси, а покрај Сините во кариерата играше уште за Валенсија и младинските категории на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Легендата на Реал направи хаос во Мадрид – ќе се степаше со Сака! (Видео)

Легендарниот фудбалер на Реал, Дани Карвахал, се судри со Букајо Сака од Арсенал на полувр…