Дома Фудбал Лига на шампиони Хрватот Олиќ држи рекорд во ЛШ кој тешко ќе го срушат дури и Меси и Роналдо!

Хрватот Олиќ држи рекорд во ЛШ кој тешко ќе го срушат дури и Меси и Роналдо!

Поранешниот хрватски фудбалер Ивица Олиќ држи интересен рекорд во Лигата на шампионите кој тешко ќе го достигнат најдобрите фудбалери на денешницата како што се Кристиано Роналдо и Лионел Меси.

Имено, Олиќ во текот на кариерата постигнал десет голови во Лигата на шампионите, а дури седум од нив постигнал во нокаут фазата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ако ги гледаме само фудбалерите кои постигнале 10 или повеќе голови во најелитното европско натпреварување, тогаш доаѓаме до податок дека Олиќ 70% од головите ги постигнал во елиминационата фаза.

Тоа е податок со кој не можат ниту од блиску да се пофалат Роналдо и Меси, сепак нивниот процент е изваден од далеку поголем број постигнати голови.

Интересно, Олиќ во текот на кариерата еден гол во Лигата на шампионите постигнал како играч на ХСВ и дури девет како фудбалер на Баерн.

Посебно добар Олиќ беше во сезоната 2009/10 кога постигна три гола против Лион и победничкиот гол против Манчестер Јунајтед на „Алијанц Арената“.

Олиќ во својата кариера настапуваше за дури девет клубови, а најголем дел помина во Германија. Кариерата ја започна во Марсонија, а потоа го носеше дресот на: Херта, НК Загреб, Динамо Загреб, ЦСКА Москва, Баерн Минхен, Волфсбург, ХСВ, а од фудбалот се прости во 2017 година во дресот на Минхен 1860.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…