Дома Фудбал Останато Хајдук сака победа против Ренова: На терен да покажеме дека сме подобар тим

Хајдук сака победа против Ренова: На терен да покажеме дека сме подобар тим

Хрватскиот гигант Хајдук денес дојде во Скопје за дуеот од второто коло квалификациско коло од Лига Европа кое се игра утре.

Денес тренерот Хари Вукас ја одржа прес-конференцијата пред натпреварот и најави дека очекува неговиот тим да ја превземе иницијативата од самиот старт и така да ја потврдат улогата фаворит.

„Сите знаеме дека ние како носители ја добивме Ренова и без оглед на се, ние сме фаворити. Меѓутоа тоа што сме фаворити сакаме да го покажеме на теренот. Од самиот старт сакаме да ја наметнеме нашата игра и да бараме дупки во одбраната. Сакаме брз гол кој би ни ја олеснил работата“.

„Не сакам да ја потценам македонската лига, но хрватска е поквалитетна и мислам дека ние сме поквалитетни, иако против нас имаме тим кој е компактен и кој е цврст“, изјави помеѓу другото Вукас.

Во Хајдук од неодамна е и македонскиот репрезентативец Јани Атанасов кој ќе биде во тимот за овој натпревар.

„Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар, ние имаме цел и дојдовме да ја одработиме таа цел. Сакам да се вратиме во Сплит со пласман во следната рунда“, изјави Атанасов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул лесно го доби дербито со Арсенал 🎥

Фудбалерите на Ливерпул остварија победа во 3.коло од Премиер лигата против Арсенал со 3:1…