
Хатем Бен Арфа би можел да стане соиграч на Горан Пандев во Џенова, пренесуваат италијанските медиуми.
Новиот тренер на Џенова, Тијаго Мота сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок, а најголема желба е токму „проблематичниот“ Французин.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Мота одлично ги позната квалитетите на Бен Арфа уште од времето кога заедно ја делеја соблекувалната во ПСЖ и смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим.
Офанзивецот е слободен агент и е без клуб од крајот на минатата сезона и во моментов е во потрага по нова дестинација во која ќе ја продолжи кариерата.
Последен тим во кој играше Бен Арфа е Рен, а сега би можел да пристигне во Џенова како замена за Куаме кој заработи тешка повреда на коленото.