Хатем Бен Арфа имаше неславна авантура во Шпанија, после истекот на краткотрајниот договор со Ваљадолид стана слободен играч.
Француските медиуми известуваат дека Бен Арфа многу брзо ќе потпише договор со Бордо, единствениот клуб од Лига 1 кој не доведе ниту еден играч во текот на овој преоден рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Искусниот офанзивец со Бордо ќе потпише договор на една сезона и вкупната плата ќе му изнесува нешто помалку од 100.000 евра.
Договорот е постигнат откако Бен Арфа го воодушевил тренерот Жан-Луис Гасет кој 33 годишникот го змета за гениј на фудбалската игра.
Бордо ќе биде шести различен клуб за Бен Арфа во француското првенство. До сега играше за Марсеј, Ница, ПСЖ и Рен.