Дома Останати Авто Мото Хас прв го претстави болидот за новата сезона и ги воодушеви сите

Хас прв го претстави болидот за новата сезона и ги воодушеви сите

Фановите на Формула 1 со нетрпение ја чекаат новата сезона, бидејќи многумина сакаат да видат дали некој може да ги собори од тронот Луис Хамилтон и Мерцедес.

Февруари секогаш е резервиран за претставување нови автомобили, а екипата на Хас е првата што го скрши мразот. Хас денес и официјално го откри изгледот на новиот автомобил кој навистина изгледа прекрасно.

На новиот болид доминира црно-белата боја, а се разликува од претходниот на кој покрај црната беше и златната боја.

Од овој тим се надеваат дека нивниот нов болид ќе биде подобар од последниот со кој не се прославија многу во претходната сезона. Сепак, она што Хас го подготви за новата сезона ќе го видиме на 15-ти март на трката во Мелбурн.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Роналдо изгледа како Терминатор: Сестрата на Португалецот објави фотографија од домашната теретана

Кристијано Роналдо веќе повеќе од две недели се наоѓа во куќна изолација во Мадеиро, а кри…