Дома Фудбал Англија Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе подолго време работи на трансферот на напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер.

Извештаите од медиумите говорат дека и самиот Вернер, иако е на радар на многу европски гиганти, сепак негов избор е Ливерпул.

Сепак, легендата на Баерн Минхен Овен Харгривс смета дека Ливерпул би бил лош избор за Германецот и дека ќе ја грее клупата на „Енфилд“.

„Вернер е фантастичен, но нема да добие предност пред Боби Фирмино во Ливерпул. Тоа е факт според мене. Каде и да оди, каде и да одлучи да оди, тој мора да игра, треба да го земе тоа во предвид. Со оглед на тоа како стои Манчестер Јунајтед во овој момент, тоа би било најдобро место за него. Челзи исто така би бил добар избор за него“, смета Харгривс.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Казната нема да влијае: Де Брујн останува во Манчестер Сити!

Патрик де Костер, агент на ѕвездата на Манчестер Сити Кевин де Брујн ја коментираше евенту…