Дома Останати Хаос во Грција: Прекинато фудбалското првенство!

Хаос во Грција: Прекинато фудбалското првенство!

Грчките фудбалски судии, делегати и останати членови најавија бојкот поради што засега е прекинато натпреварувањето во грчката лига.

Причината е како што велат бојкот и фактот што работат во опасни услови. Судиите во Грција се мета на напади на навивачите, а некои се обвинети дека учествувале во местење натпревари.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Минатиот месец во Атина беше нападнат судијата Андреа Гамарис кој беше гаѓан со канти за гориво. Пред неколку дена неговиот колега Тасос Папаетру доби закани за смрт поради одлука на еден натпревар.

„Грчките странските судии се на мета и жртвени јагниња на натпреварите. Добиваме закани и над нас се врши насилство, трпиме напади, физички и вербални, но сите поминуваат неказнето. Поради тоа одлучивме да не судиме во натпреварите почнувајќи од наредниот викенд. Ќе се вратиме на терените кога ќе ни се обезбедат безбедни услови“, објавија судиите со отворено писмо до јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Почина атлетичарката која момчето ја запали со бензин

Угандската маратонка Ребеке Чептеги (33) почина како последица од здобиените изгореници ко…