Дома Останати Авто Мото Хамилтон по четврт пат со титула на врвот од Формула 1

Хамилтон по четврт пат со титула на врвот од Формула 1

0

Британецот Луис Хамилтон ја обезбеди четвртата титула во шампионатот во Формула 1 и трета во последните четири години, откако по трка за Големата Награда на Мексико се зацврсти на врвот во Генералниот пласман со недостижна разлика за конкурентите.

На Британецот во Мексико му беше доволно 5. место за обезбедување на титулата, но и со освоеното 9. место стана шампион, бидејќи неговиот најголем конкурент за врвот, Себастијан Фетел од Ферари заврши на 4. позиција.

На две трки до крајот на шампионатот Хамилтон има недостижни 56 бодови предност во Генералниот пласман, пред второпласираниот Фетел.

Победник во Мексико е Макс Ферстапен од Ред Бул и за него ова е трет триумф во кариерата и втора оваа сезона. На победничкиот подиум се најдоа уште и Велтери Ботас од Мерцедес и Кими Раиконен од Ферари.

Генерален пласман: Хамилтон 333 бода, Фетел 277, Ботас 262,…

Претпоследната трка е закажана за 12 ноември во Бразил.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе A. V.
Load More In Авто Мото

Проверете

Шок за преубавата тенисерка – На Марија Шарапова и се заканува затворска казна!

На познатата убава тенисерка Марија Шарапова и се заканува казна затвор и тоа во Индија. Т…