Дома Фудбал Репрезентации Халилхоџиќ не може да се помири со тоа што му го направија во Мароко: Никогаш нема да им заборавам…

Халилхоџиќ не може да се помири со тоа што му го направија во Мароко: Никогаш нема да им заборавам…

Легендата на босанскиот фудбал, Вахид Халилхоџиќ го одведе Мароко на Светското првенство, а потоа доби отказ, па иако тој беше заслужен што оваа селекција играше во Катар историја испиша Валид Реграги.

Халилхоџиќ е човек со тврд став и не сака никој да му се меша во работата, па така Мароко стана третата репрезентација која ја пласираше на еден Мундијал, а таму не ја водеше.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во Мароко тој влезе во конфликт со ѕвездите на тимот Зијеш и Мазрауи и без нив учествуваше на Африканскиот Куп на Нации каде што селекцијата не се прослави.

Таквите недоразбирања и продолжувањето да инсистира да не ги игра двајцата беа пречината за неговиот отказ.

„За време на Светското првенство ме бараа новинари од регионот и од Мароко да кажам нешто во врска со настапот, но ми беше тешко да зборувам.

Што и да кажам нема да ми олесни горчината која ја чувствувам. Ми ја земаа гордоста, зата нема да ниту да им заборавам, ниту да им простам. Мундијалот во Катар требаше да биде мое збогување од фудбалот“, изјави Халилхоџиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чави добил понуда од клуб од Премиер лигата?

Чави Ернандез ја напушти Барселона, но многу брзо може да добие нов ангажман. Неколку шпан…