Играчот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз чекаше повик за настап во репрезентацијата на Шпанија, но кога тој не дојде се одлучи да игра за Мароко.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бидејќи времето одминуваше и Дијаз не се наоѓаше на списокот на „Црвената Фурија“ го прифати повикот на Мароко и во иднина ќе настапува за оваа селекција.
Мароко го сакаше уште во 2018 година и на крајот упорноста им се исплатеше. Така во иднина Мароко, селекција која одигра одлично на последниот Мундијал во Катар ќе биде посилна за уште еден одличен фудбалер.