Домаќини на Мундијалот во 2030 година ќе бидат Шпанија, Мароко и Португалија.
Уште од овој момент се предложени три стадиони за финалето – „Сантијаго Бернабеу“, „Камп Ноу“ и новиот стадион кој ќе биде изграден во Казабланка.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фаворит е Мадрид, меѓутоа од Фудбалскиот сојуз на Мароко прават напори Казабланка да биде домаќин.
Стадионот Хасан 2 ќе биде најголемиот во светот и ќе може да собере 115.000 навивачи. Исто така тој ќе биде опкружен со бројни градини кои ќе создаваат мирна оаза. Неговиот облик се очекува да биде во шатор инспириран од традиционалните марокански фестивали.