Eрлинг Халанд постигна хет-трик во победата над Фулам и така продолжи да испишува историја во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Норвежанецот вчера стана играчот на кој му било потребно најмалку време да дојде до 50 голови и асистенции вкупно. На Халанд му беа потребни 39 натпревари во најсилната англиска конкуренција за да постигне 41 гол и да додаде девет асистенции.
Така Халанд го сруши рекордот на Енди Кол на кого му беа потребни 43 натпревари. Ова е само уште еден во низата рекорди кои ги руши Халанд и сигурно нема да биде последен.