Салзбург после Ерлинг Халанд изгледа има ново голгетерско чудо.
Викендов Салзбург победи со 6:0, а три гола постигна Патсон Дaка, новата „златна кокошка“ на овој клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После продажбите на Минамино и Халанд Дака го искористи потенцијалот и довербата која ја доби. На последниот натпревар со головите во 4, 11 и 46 минута го постигна веќе третиот хет-трик сезонава.
Дака има 21 гол и четири асистенции, а зад себе веќе го остави Халанд кој до трансферот во Борусија собра 16. Повеќе голови Дејк во првенството има само Вајсман од Волсфбергер (23).
Новиот „бисер“ на Салзбург беше стрелец и во Лигата на шампионите, два пати стрелаше и во купот и вкупно постигна 24 гола на 37 настапи. Станува збор за момче од Замбија кое има 21 година, дојде од Лиферинг и неговиот договор со Салзбург го врзува до 2024 година.
Како што тргнал изгледа би можел да биде нова ѕвезда на овој тим.