Олександар Усик е новиот светски шампион во бокс, откако во голема борба го победи Тајсон Фјури по 12 рунди со судиска одлука.
Фјури имаше големи проблеми на мечот против Усик и загуби на поени, но по битката кажа дека победата требало да му припадне на него.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Британецот не беше задоволен од судиската одлука и кажа дека Усик победил само зашто Украина е во војна.
„Јас сум победникот во оваа борба. Тој победи во неколку рунди, но јас бев подобар во повеќе. Неговата земја е во војна и затоа му ја дадоа победата. Нема да плачам и да барам изговори, туку ќе одморам и потоа ќе се подготвувам за нова битка“, изјави Британецот.