Нашите судии работеа според програмата на главниот кондициски тренер и тренинг експерт за елитни фудбалски судии во УЕФА, професорот Вернер Хелсен.
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА организираше судиски тренинг камп на кој предавач и инструктор беше главниот кондициски тренер и тренинг експерт за елитни фудбалски судии во УЕФА, професорот Вернер Хелсен.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Нашата „Куќа на фудбалот“, тренинг кампот за нашите судии го организираше според највисоките УЕФА стандарди. На тродневниот семинар беа опфатени најновите медоти и технологии за тренинг. Македонските судии имаа можност одблизу да се запознаат со методите на работа кои ги користи и применува УЕФА во подготовката на судиите за елитната Лига на шампиони, Европските и Светските првенства.
Судиите кои учествуваа на тренинг кампот успешно ги минаа теоретските и практичните задачи, потврдувајќи дека можат да се носат со најсовремените предизвици кои ги носи нивната работа.
Позитивна оцена за постигнатото на тренинг кампот даде и врвниот експерт од УЕФА, професор Вернер Хелсен, нагласувајќи дека повеќе од 200 судии од нашата држава кои се вклучени во процесот, заслужуваат честитки за трудот и постигнатите резултати. Прогресот е препознаен од УЕФА, а ФФМ ќе продолжи да го надградува во рамки на федерацијата.