Дома Фудбал Останато Фудбалот пред војната: Израелците продолжуваат каде што застанаа

Фудбалот пред војната: Израелците продолжуваат каде што застанаа

На 7-ми октомври сите нивоа на фудбал во Израел запреа со почетокот на воениот конфликт, а денеска израелската федерација информира дека натпреварувањата ќе продолжат.

Први на теренот по прекинот ќе излрзат второлигашите кои на 17. ноември ќе ги играат своите натпревари, додека на 25. ноември ќе продолжат и екипите од првата лига.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Се уште жалиме за жртвите, се молиме и за враќање на киднапираните нашите сонародници. Нашите храбри луѓе се борат на фронтовите за да продолжиме нормално да живееме. Почетокот на фудбалските активности е симболичен и значаен чекор во обновата на економијата и испраќа порака до светот и нашите непријатели“, објасни претседателот на ИПФЛ, Ерес Калфон.

Сите натпревари ќе започнуваат со минута мол во знак на почит за загинатите, додека на трибините ќе има ограничен број гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан одби 25 милиони евра од Фенербахче

Трансферниот пазар веќе е отворен, но засега Милан одбива да го продаде Кристофер Нкунку н…