Дома Фудбал Навивачите на Албанија во Тирана со патики гаѓаа фудбалер на Израел (Видео)

Навивачите на Албанија во Тирана со патики гаѓаа фудбалер на Израел (Видео)

Израелците во среда вечер гостуваа во Тирана на пријателски натпревар против репрезентацијата на Албанија, кој се одржа во наелектризирана атмосфера и на теренот и на трибините.

Уште пред да започне натпреварот, Израелците се соочија со студен дочек. При интонирање на израелската химна, 6.600 навивачи на Албанија кои беа присутни на стадионот Air Albania, изразија незадоволство со свиркање, што јасно покажа какво мислење имаат за нив.

Дополнително, на теренот настаната тензија кога едвај беше избегната физичка пресметка меѓу Елсејд Хисај и Оскар Глук по постигнатиот гол на Израел.

На социјалните мрежи се појави и видео на кое еден од навивачите на Албанија фрла патики кон израелскиот фудбалер Манор Соломон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсими не ја задржа предноста, Тиквеш си замина од Гостивар со бод

Последниот меч од 10. коло во ПМФЛ заврши без победник, откако Арсими и Тиквеш ремизираа 1…