Фудбалерот на Рома на позајмица во Виторија сетубал, Мирко Антонучи доби отакз во португалскиот клуб поради проблематичното однесување надвор од теренот, односно на социјалните мрежи.
Премногу фотографии со девојка му скапо го чинеа Антонучи, клубот смета дека тоа не му доликува на еден фдубалер, а поради тоа дојде до разделување меѓу двете страни.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Фудбалерот мора да биде 24 часа дневно на Виторија, од почит кон навивачите и сите останати. Клубот, управата и стручниот штаб се согласи дека однесувањето не е прифатливо за тимот и поради тоа се раскинува позајмицата“, соопштија од португалскиот тим.