Женската ракометна репрезентација на Франција ја симна Норвешка од тронот и стана светски шампион!
Во финалето во Хамбург, Франција ја победи Норвешка со 23-21, а вардарките Лено и Лакрабер одиграа клучна улога.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвешка влезе во финалето како фаворит, но Французинките уште од почетокот покажаа дека атакуваат на златото, па на полувреме заминаа со предност од 11-10.
Почетокот на вториот дел донесе интересна игра, Франција поведе со 14-11, но Норвежанките се вратија, па возбудливо беше до самиот крај.
Јунаци на Французинките се токму двете ракометарки на Вардар. Лакрабер го постигна последниот гол во финалето и ја потврди победата за титули,а додек Лејно го одбрани последниот напад на Норвешка.
Најефикасни поединки во финалето беа Ует со четири гола за Франција и Мерк со седум гола за Норвешка.