Дома Останати Франција во трилер-натпревар ја совлада Данска за полуфинале

Франција во трилер-натпревар ја совлада Данска за полуфинале

Француските ракометари се вратија од „изгубена позиција“ и ја совладаа Данска за ново полуфинале на Европското првенство (30:29).

Данска беше сигурен полуфиналист, додека Франција мораше да победи и успеа, иако во еден момент имаше пет гола негатива.

Јакобсен одлучи на овој дуел да ги одмори најдобрите Микел Хансен и Матијас Гидсел, но тоа не се почувствува во играта и Данска беше подобар тим од самиот старт.

Данска имаше пет гола предност во 36-та минута (21-16), но потоа Франција предводена од фантастичниот Дика Мем направи серија и дојде до израмнување на три минути до крајот. Потоа се играше гол за гол, а „триколорите“ на крајот славеа со 30:29.

Данска во полуфиналето ќе ги одмери силите со Шпанија, додека Франција ќе игра против Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

MOZZART JA ПОДДРЖУВА НАШАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ПОКЕР

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа стана спонзор на Македонската Покер Унија …