Фламенго синоќа со драматичен пресврт во финалето го победи тимот на Ривер Плата и ја освои титулата шампион на Јужна Америка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фламенго е клуб со најголем број навивачи во Бразил, а на титулата континентален шампион чекаше цели 38 години, па јасна е еуфоријата во најфудбалската нација во светот.
Славјето започна уште вчера на „Маракана“ и по улиците на Рио, а денес на шампионите им беше направен грандиозен пречек. Неколку стотици илијади фанови излегоа на плоштад да ја видат шампионската поворка.


