Фудбалерите на Јанг Бојс со вчерашната победа со 4:1 и математички ја обезбедија титулата на четири кола пред крајот на швајцарската Супер лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со тоа тимот од Берн ја прекина серијата од осум титули на Базел, кој владееше во Швајцарија од 2010. година и дојдоа до својот прв наслов после 32 години чекање.
Јанг Бојс зад себе има одлична сезона, а ова им е 12 титула во историјата, прва после сезоната 1985/86.
По завршувањето на натпреварот навивачите на Јанг Бојс влегоа на теренот и започна големото славје.