Дома Фудбал Лига на шампиони Капитенот на Јанг Бојс го изненади Халанд со потегот на полувремето 🎥

Капитенот на Јанг Бојс го изненади Халанд со потегот на полувремето 🎥

Фудбалерите на Јанг Бојс очекувано загубија од Манчестер Сити со 0:3 во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите, а еден интересен момент на оваа средба беше виден на полувремето.

Натпреварот швајцарскиот тим го заврши без шут на голот и со само 30% на топка. На полувремето капитенот на гостинската екипа Мохамед Камара истрча да го бара дресот на Норвежанецот, Ерлинг Халанд.

Вообичаено е фудбалерите да ги менуваат дресовите на крајот од средбата, меѓутоа Камара побрза и тоа го направи на полувремето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Јунајтед во правна битка за млад талент

Манчестер Јунајтед се подготвува за правна битка поради можен трансфер на млад талент кој …