Дома Останати Авто Мото Фотографии од Шумахер биле продадени на црниот пазар

Фотографии од Шумахер биле продадени на црниот пазар

Mихаел Шумахер кој се здоби со тешки повреди на главата на скијањето во декември 2013 година се уште се опоравува во својот дом во Швајцарија.

Шумахер неодамна се разбуди од кома, меѓутоа на барање на неговото семејство не се знае многу за тоа во каква состојба се наоѓа.

Според пишувањето на „Мирор“ непозната личност успеала да направи неколку фотографија во неговиот дом. Британсккиот таблоид наведува дека на фотографиите може да се види како Шуми лежи на креветот.

Фотографиите се продадени за милион фунти на црниот пазар, а за се што се случило неговата сопруга Корина ја информирала полицијата.

За неговата здравствена состојба малку се знае.

„Шуми е во најдобри раце и правиме се за да му помогнеме. Обидете се да разберете дека ја исполнуваме желбата на Михаел со тоа  што се обидуваме неговата здравствена состојба да биде тајна“, неодамна порача Корина.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Мик Шумахер многу брзо може во Формула 1 и тоа место легендарниот Кими Раиконен?

Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер наскоро би можел да добие шанса во Форму…