Дома Фудбал Германија Флик не е голем оптимист за останувањето на Алаба

Флик не е голем оптимист за останувањето на Алаба

Австрискиот репрезентативец Давид Алаба и Баерн Минхен повторно не успеаа да најдат договор за породолжување на соработката, тврдат германските медиуми.

Имено, менаџерот на Алаба, Пини Захави и челниците на Баерн минатата недела одржале нова рунда преговори, кои завршиле со неуспех. Ова е трета средба помеѓу двете страни која завршува без договор.

Договорот на Алаба со Баварците завршува на крајот на сезоната, а за неговата ситуација денес зборуваше и тренерот Ханзи Флик.

„Јас се надевам дека ќе потпише нов договор со Баерн, но не можам да кажам дека сум голем оптимист. Со него имавме многу убави моменти, атмосферата во клубот е фантастична. Ова е клуб кој според многумина е најдобриот на светот. Тој треба да мисли на се и да донесе одлука“.

„Сигурен сум дека клубот ќе ја прифати неговата одлука, каква и да е таа. Се надевам дека во престојните месеци ќе го убедиме да остане“, изјави Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Зидан: Гладни сме за успех, но имаме проблеми

Реал Мадрид после репрезентативната пауза победи во Лигата на шампиони, но има лоши резулт…