Дома Фудбал Останато ФИФА немаше милост: Овермарс нема да може да работи ништо во фудбалот

ФИФА немаше милост: Овермарс нема да може да работи ништо во фудбалот

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го суспендираше екс-холандскиот репрезентативец Марк Овермарс поради сексуално вознемирување на колешки.

Овермарс доби отказ во Ајакс откако на вработена во клубот и испраќал непристојни пораки и фотографии.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„ФИФА може да потврди дека по барање на Кралската фудбалска асоцијација на Холандија воведени се санкции за Маркс Овермарс и истите ќе се применуваат секаде во светот“, стои во објавата на ФИФА.

Ајакс го отпушти Овермарс во 2022 година, а како функционер во клубот работеше од 2012 година. Подоцна тој стана спортски директор на белгиски Антверпен, но очигледно сега ќе нема да биде во можност да ја работи и оваа функција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лапорта на изборите ги „купува“ гласовите на навивачите со најголемото можно засилување

Барселона веќе извесно време „го мери пулсот“ на еден од најбараните напаѓачи во светот. Џ…