Дома Фудбал Останато ФИФА го возвраќа ударот: Оние кои ќе се појават во Суперлигата нема да играат на светските и европските првенства!

ФИФА го возвраќа ударот: Оние кои ќе се појават во Суперлигата нема да играат на светските и европските првенства!

0
infantino

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино им изјави на новинарите дека сите оние фудбалери кои ќе се одлучат за учество во најавеното ново натпреварување на елитните клубови не ќе можат да играат во останатите.

Идејата е 16 најголеми европски клубови да формираат Суперлига и истата во овој момент се разгледува, но ако тоа се случи најдобрите светски фудбалери би можеле да немаат право за настап на евроспките и светски првенства.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино потврди дека за оние кои ќе се одлучат да бидат дел од Суперлигата ќе нема место на турнирите кои се во организација на ФИФА.

„На најголемите светски имиња во фудбалот ќе им биде забрането учество на светските и европските првенства доколку се појават во таа европска Суперлига“, потенцираше Инфантино.


Следете го Sportski.mk и на


Ова не е прв пат да се зборува одвојување на најдобрите светски организации УЕФА и ФИФА, но сега се превземни првите конкретни чекори кои можат трајно да ја променат фудбалската мапа во светот.

„За оваа тема се зборува веќе 20 години. Со самото тоа што се појавија документи, постои и реална опасност до одвојување да дојде. Наша задача е да пронајдеме начин фудбалот да остане единствен“, изјави првиот човек на ФИФА.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Лаурентис: Каков успех е тој ако позајмиш 200 милиони евра да купиш еден играч?

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис се обиде да се сочуствува со разочараните на…