ФИФА неодамна се откажа од најавениот син картон, но затоа се воведе промена и се најавува правило кое сигурно нема да им се допадне на голманите. Во прашање е времето кое голманот може да ја задржи топката.
Правилото постоеше и сега, но ретко кој го применуваше. Имено, голманите до сега по фаќањето на топката можеа да ја држат во свој посед шест секунди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, ретко кој до сега обрнуваше внимание на тоа, а честопати имавме можност да видиме како лежат голманите и задржуваат време, често без никакво предупредување од судијата.
Меѓутоа, сега тоа ќе се промени. Во иднина, голманите ќе имаат осум секунди да се ослободат од топката откако ќе ја фатат. Веќе по три секунди, судијата ќе крене рака, што значи дека преостанатите пет секунди ќе почнат да се одбројуваат.
Доколку голманот се уште ја држи топката, ќе биде досуден корнер за противничката екипа, или прекин за центаршут од линијата на шеснаесетникот, што ќе биде казна за голманите кои се обидуваат да задржуваат време.