Дома Фудбал Италија Финансиска полиција го тресе Интер, отворена истрага против „нероаѕурите“

Финансиска полиција го тресе Интер, отворена истрага против „нероаѕурите“

Откако пред извесно време Обвинитеслтвото отвори истрага против Јувентус, денес истото го направи и против Интер.

Финансиската полиција направила претрес на целата документација во клубот и пронајдени се нерегуларности и „пеглање“ на финансискииот баланс од 2017 до 2020 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челниците на клубот се под истрага, предводени од генералниот директор Бепе Марота и спортскиот директор Пјеро Аусилио.

Спорни се децетици трансфери во изминатите две години каде вештачки се „пумпале“ цени на анонимни фудбалери со цел да се лазира финансискиот баланс.

Така на пример Интер го продал Пинамонти во Џенова за 18 милиони евра, без ниту еден настап во Серија А, а анонимецот Ванхаузен во Стандард за 15 милиони евра, но цената на овие фудбалери била фиктивна.

Осомничените се обвинуваат дека лажирале документи за прикажаниот капитал во сезоните 2017/2018, 2018/19 и 2019/20. Во прашање е сума од 156 милиони евра.

Истрагата наведува дека клубот ги фалсификувал финансиските извештаи, поради што властите заплениле клупска документација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Перез: Да не беа Намгија, Уганда, Албанија и Финска, Винисиус ќе ја добиеше „Златна топка“

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез зборуваше за „Златната топка“ која заврши во…