Култниот „Велодром“ на Олимпик Марсеј е подготвен да ја преземе организацијата на финалето во Лигата на шампионите кое претходно требаше да се одржи во Милано на „Сан Сиро“.
УЕФА вчера потврди дека се одзема домаќинството на Милано затоа што општината не може да потврди дека во тој период нема да биде во тек реконструкција на стадионот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По потврдата градските власти на Марсеј испратиле барање до челниците на Европската федерација изразувајќи подготвеност да го организираат финалето.
Медиумите пренесуваат дека во игра биле уште неколку градови, но Марсеј веројатно ја има фаворитската улога.