Дома Топ вести Гринвуд одлично започна во Марсеј – по две кола има три гола!

Гринвуд одлично започна во Марсеј – по две кола има три гола!

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд игра одлично во Франција каде што сезонава пристигна во дресот на Марсеј.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гринвуд во вчерашното второ коло го постигна веќе својот трет гол за клубот од „Велодром“. Напаѓачот со својот погодок го спаси тимот од пораз и донесе бод против Ремс (2:2).

Во претходното коло, Марсеј го победи Брест со 1:5, а во тој дуел Гринвуд беше стрелец на два погодоци.

Инаку, овие денови се појавија најави дека Гринвуд би можел да ја промени репрезентацијата и во иднина место Англија за која има еден настап да го носи дресот на Јамајка. Ќе потсетиме, Англичаните одлучија да не сметаат на него по обвинувањата за силување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…