Фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј објави дека продал најмногу сезонски билети во својата историја. Клубот посебно им се заблагодари на навивачите за извонредната поддршка.
Единствениот француски клуб кој бил шампион на Европа се пофали во соопштението дека продал 49 илјади сезонски билети, што досега не се случило.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Оваа сезона, која ќе биде сезона на 125-годишнината на клубот, имаме 49.000 претплатници кои доаѓаат на секој состанок во „сино-белиот вулкан“ за да не поддржат, охрабрат, пеат и вибрираат во ритамот на натпреварите што ги игра тимот на Роберто де Зерби“, стои во објавата.
Марсеј, беше европски шампион во 1993 година и е трет клуб во Франција по бројот на титули во националниот шампионат. Имаат девет, еден помалку од Сент Етјен и три од Пари Сен Жермен. Но, ниту во сезоните кога освојуваа титули немаа продадено волкав број сезонски билети.
Оваа сезона Марсеј нема да игра во Европа бидејќи на табелата во минатата сезона заврши на осмата позиција.