Дома Фудбал Франција Лотито жестоко удри по фудбалерот кој не потпиша за Лацио: Не сакаме платеници!

Лотито жестоко удри по фудбалерот кој не потпиша за Лацио: Не сакаме платеници!

Aнглискиот фудбалер Мејсон Гринвуд во ледниот преоден рок беше блиску до преселба во Лацио, но на крајот тој го смени мислењето и ја прифати понудата од француски Марсеј.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


При една средба новинарите го запрашаа првиот човек на римскиот клуб, Клаудио Лотито дали жали што Гринвуд не пристигна во неговиот клуб.

Одговорот на често пати контроверзниот Лотито беше жесток.

„Воопшто не жалиме. Ние не сакаме платеници, Гринвуд е среќен во Марсеј и нека остане таму. Тука се само тие што го сакаат Лацио“, изјави Лотито.

Сезонава Гринвуд игра одлично во дресот на Марсеј и на седум натпревари постигна пет гола и додаде една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

„Родри очајно сака трансфер во Реал Мадрид!“

Играчот за врска на Манчестер Сити, Родри, повторно се најде во центарот на вниманието на …