Дома Топ вести Феликс блеска и е пресреќен во Барса: Се откажав од многу пари да сум тука

Феликс блеска и е пресреќен во Барса: Се откажав од многу пари да сум тука

Португалецот, Жоао Феликс игра фантастично во Барселона откако постигна голови на две средби во дресот на каталонскиот гигант.

Феликс зад себе има бурно лето кое започна со изјавата дека сонува за дресот на Барселона. Од тој момент не играше за Атлетико, а во финишот на преодниот рок по долги преговори се пресели во Каталонија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имаше многу побогати понуди од Саудиска Арабија, меѓутоа Феликс сакаше да игра за Барселона, а исто така и неговиот договор во Атлетико му носеше многу поголема плата.

„Се откажав од многу пари за да дојдам во Барселона. Не жалам, знаев дека ми треба промена. Сакав да бидам некаде каде што се игра офанзивен фудбал и се креираат шанси, таков фудбал најмногу ми одговара. Чувството е прекрасно, имам тренери и соиграчи кои максимално ми веруваат“.

Откри Феликс и што му кажал Чави кога пристигнал во Барселона.

„Штом дојдов во Барселона, Чави ми кажа да излезам ан терен и да уживам. Нормално зборувавме и за тактички детали околу играта, но најважно беше од првиот ден да ја почувствувам максималната доверба. Тоа е нешто драгоцено“, порача португалскиот ас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …