Дома Фудбал Германија Фан на Шалке го пријави во полиција судијата и ВАР за измама (фото)

Фан на Шалке го пријави во полиција судијата и ВАР за измама (фото)

Шалке викендов го пречека Баерн Минхен и загуби со 3:0 благодарение на хет-трикот на Роберт Левандовски.

Меѓутоа, контроверзните ситуации и понатаму се во фокусот на германската јавност, а еден фан на Шалке никако не може да го преболи поразот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тој се одлучи на несекојдневен потег, па го пријави во полиција главниот судија Фриц и ВАР системот за измама.

Домаќините беа бесни откако Павар играше со рака во шеснаесетникот, исто како и Перишиќ, но главниот судија не досуди пенал, а не се огласи ниту ВАР.

Пријавата ја потврди и полицијата во Гелзенкирхен.

„Пријава од натперварот меѓу Шалке и Баерн: Еден навивач на Шалке поднесе тужба против судијата и видео асистентот од ВАР собата, обвинувајќи ги за измама. Причина за тоа се двата недосудени пенали за неговиот тим. Полицијата сега ги проверува фактите“, гласи соопштението на полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…