Дома Фудбал Репрезентации Фантастични вести за Перу: Пабло Гуереро ќе игра на Мундијалот!

Фантастични вести за Перу: Пабло Гуереро ќе игра на Мундијалот!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Перу, Пабло Гуереро ќе може да настапи на Светското првенство, одлучи денес Врховниот суд во Швајцарција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гуереро беше казнет поради тоа што после квалификацискиот натпревар против Аргентна беше позитивен на кокаин. Фудбалерот се бранеше дека истиот случајно го внесол преку чај.

Прво беше суспендиран на шест месеци, но потоа судот за спортска арбитража му ја продолжи суспензијата на 14 после испратената жалба.

Случајот предизвика големо внимение од светската јавност, а во заштита на Гуереро застанаа капитените на Данска Франција и Австралија кои се противници на Перу во групната фаза на Мундијалот.

Интервенираше и претседателот на Перу, Мартин Вискар кој заедно со државните органи му пружи помош на капитенот на репрезентацијата, а во процесот се вклучи и амбасадорот на таа земја во Швајцарија.

Перу во Русија за прв пат ќе игра на еден Мундијал после 1982 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арнаутовиќ испиша историја, Австрија победи на Мундијал по 36 години! (Видео)

Марко Арнаутовиќ стана вистинскиот херој на австрискиот фудбал – во победата над Јордан (3…